Вести

Ердоган: Односите меѓу Турција и САД се на добар пат по договорот за Ф-16

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека односите меѓу Турција и САД бележат позитивен тренд, откако постигна напредок во договорот за продажба на американски авиони Ф-16 на Анкара, пренесоа денеска турските медиуми.

Ердоган: Односите меѓу Турција и САД се на добар пат по договорот за Ф-16

Ердоган на новинарите во средата, за време на повратниот лет од Каиро, изјави дека има се повеќе прашања за кои Турција и САД се согласуваат и дека моментално нема негативен тренд во односите меѓу двете земји.

Зборувајќи за конфликтот во Појасот Газа, Ердоган оцени дека нема да има мир доколку Израел не ги прифати најосновните права на палестинскиот народ и формирањето палестинска држава во границите од 1967 година, јави Анадолија.

Ердоган истакна дека Турција ќе ја зголеми соработката со Египет за да се осигура дека ќе се запре она што го нарече „масакрот во Газа“ и ќе се постигне трајно и одржливо решение за палестинскиот народ.

Најнови вести од Вести

To top