Економија шверц

Царинска управа: Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол

Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце.

Царинска управа: Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол

Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце, соопштија од Царинската управа.

Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат на детална контрола. Во неговиот личен багаж, во ракави на блузи, ногавки на фармерки и во чорапи се откриени вкупно триста педесет и девет ленти со по десет апчиња Дорета коишто содржат 75 мг Трамадол хидрохлорид, истакнуваат од Царина.

Случајот инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска. Против патникот, инаку македонски државјанин е поднесена соодветна пријава, додаваат од Царинската управа.

Најнови вести од Економија

To top