Вести Европски план за борба против ракот

ЕК препорачува вакцинација против вируси кои можат да предизвикаат рак

Европска комисија денеска им препорача на земјите-членки да ја засилат вакцинацијата со две клучни вакцини, за да се спречи вирусни инфекции да предизвикаат рак. Тоа е вакцина против хуманиот папиломавирус (ХПВ) и вирусот на хепатитис Б (ХБВ).

ЕК препорачува вакцинација против вируси кои можат да предизвикаат рак

Препораката е дел од европскиот план за борба против ракот, клучен столб на Европската здравствена унија. Се проценува дека околу 40 отсто од случаите на рак во ЕУ може да се спречат.

Според денеска објавениот извештај само околу пет отсто од вкупните здравствени трошоци во 2021 година биле наменети за превенција во земјите-членки на ЕУ.

Европскиот план за борба против ракот поставува цел за земјите-членки до 2030 година да достигнат стапка на вакцинација од 90 проценти против ХПВ кај девојчињата и значително да се зголеми вакцинацијата на момчињата.

Планот за борба против ракот, исто така, има за цел да обезбеди пристап до вакцинација против ХБВ, особено за спречување на рак на црниот дроб.

ЕК наведува дека во поголемиот број земји-членки стапката на вакцинација против ХПВ кај девојчињата е помала од 50 проценти, додека податоците за момчињата се многу ограничени. Исто така недостигаат податоци и за стапките на вакцинација против ХБВ.

Со цел да се подобри ситуацијата, ЕК, меѓу другото, препорачува земјите-членки да обезбедат бесплатна вакцинација или надомест на трошоците, да го олеснат пристапот до вакцинација за специјално целните групи и ранливите или ризичните популации. Исто така, се предлага земјите-членки да ја вклучат вакцинација во нивните национални планови за борба против ракот.

ЕК препорачува и подобра комуникација за борба против погрешните информации и дезинформациите.

Најнови вести од Вести

To top