Ракомет

Зоран Кастратовиќ кариерата ја продолжува во Кувајт

Зоран Кастратовиќ кариерата ја продолжува во Кувајт

Македонскиот ракометен тренер Зоран Кастратовиќ е нов тренер на тимот на Ал-Кадсија од Кувајт. Во новата сезона Кастратовиќ пристигнува заедно со неговиот асистент Кристијан Грчевски и ќе го преводат тимот до крајот на актуелната сезона.

Ал-Кадсиа е само уште еден предизвик за македонскиот стратег кој седеше на клупата на повеќе клубови. Во Македонија беше тренер на Пролет, Вардар и Металург, а работеше и како селектор на клупите на Црна Гора, Иран и Саудиска Арабија.

To top