Ракомет збогување

Портнер со емотивно збогување од Анди Шмид: Фала ти што беше инспирација за цела генерација…

Македонските ракометари еуфорично ја прославаа победата над Швајцарија, додека на спротивната страна легендарниот Анди Шмид со солзи во очите заминуваше кон соблекувалната, свесен дека ова беше неговиот последен меч во репрезентативниот дрес на големите натпреварувања.

Шмид летово ќе ја заврши кариерата и веднаш ќе се пресели на клупата, како нов селектор на Швајцарија, а легендарниот бек и против Македонија покажа дека се уште е ракометен виртуоз, на 40-годишна возраст успевајќи да постигне 12 гола на еден меч од европско првенство.

Голманот Никола Портнер преку емотивна порака на својот инстаграм профил јавно му се заблагодари на Шмид за сето она што овој легендарен играч го има направено за швајцарскиот ракомет.

Точно пред 13 години ти ме дочека како 17-годишно дете во репрезентацијата, токму ти беше еден од оние кои први ми кажаа дека ќе успеам. Без разлика кои зборови би ги употребил, да се опише твојата големина е нешто невозможно. Ти благодарам затоа што беше инспирација за цела генерација, што ни покажа дека се е возможно, дури и за нас Швајцарците. Ми покажа што значи да се биде вистински лидер на теренот и како наралелно со тоа да се развивам и како човек. Во моите очи, денеска си и засекогаш ќе бидеш најголемиот, напиша Портнер.

Теми на денот

To top