Ракометната репрезентација на Данска стигна и до четвртата победа на олимпискиот турнир, а Франција дури во четвртиот меч дојде до првиот триумф.
Данците ја совладаат селекцијата на Унгарија со 28-25, благодарение на одличниот Гидсел, кој беше стрелец на осум гола. Хансен и Јоргенсен постигнаа по пет погодоци.
Домаќинот Франција дури на четвртиот натпревар ја обезбеди првата победа. Французите ја совладаа Аргентина со 28-21, откако беа во предност во речиси целиот тек на мечот.
Најефикасен беше Феска со осум голови, додека Паркер постигна седум за Аргентина.