Ракомет

Македонија и Германија досега играле пет пати

Македонија и Германија досега играле пет пати

На Македонија и Германија денешниот дуел ќе им биде 6-ти меѓусебен дуел на големите натпреварувања. Двете репрезентации последен пат се сретнаа на Европското првенство во Хрватска (2018).

Македонија тогаш покажа квалитетен ракомет против бундес тимот и возбудливиот дуел во „Арена Загреб“ заврши без победник, 25:25. На преостанатите четири официјални победиле Германците.

  1. Меѓусебни натпревари на Македонија и Германија:
  2. 03.06.1999, Каиро (Египет) Македонија – Германија (СП) 25:36
    21.01.2009, Вараждин (Хрватска), Македонија – Германија (СП) 23:33
    17.01.2012, Ниш (Србија), Македонија – Германија (ЕП) 23:24
    20.01.2013, Барселона (Шпанија), Германија – Македонија (СП) 28:23
    17.01.2018, Загреб (Хрватска), Германија – Македонија (ЕП) 25:25 

Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра во „Мерцедес Арена“ во Берлин со почеток од 20:30 часот.

To top