Ракометното Европско првенство стартуваше со натпреварите од нашата група А, во која освен Македонија и Франција, се судрија домаќинот Германија и Швајцарија во „Меркур Шпил Арената“ во Дизелдорф. Во третиот натпреварувачки ден стартуваат и возбудувањата во уште една група, тоа Ц конкуренцијата.
Во оваа група ќе се натпреваруваат Исланд, Унгарија, Србија и Црна Гора. Нема сомнеж дека оваа група е една од најнеатрактивните, затоа што нема ниту еден претендент за највисок пласман, но тоа може да донесе многу возбудувања во натпреварите кои што следат.
Исланд:
Островјаните по промената на генерацијата и по заминувањето во пензија на неколку легенди, веќе подолг период е надвор од европскиот ракометен врв. Но, се чини дека оваа генерација на ракометари конечно ќе може да направи нешто повеќе од претходните, затоа што во своите редови има неколку ракометари од светска класа. Пред сè тука се мисли на Гисли Кристјансон – најдобриот ракометар на последниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите, како и на Јанус Смарасон и Омар Инги Магнусон. Целта на Исланд да ги повтори најголемиот успех на Европското првенство – две полуфиналиња, во 2002 и 2010 година, при што на последното заврши со бронзен медал. Нема сомнение дека во оваа група е фаворит за првата позиција, но вистинските тестови за квалитетите на овој тим ќе дојдат во главната фаза.
Унгарија:
И оваа земја е луда по ракомет, но исто како и Исланд долго време чека на нешто посериозен успех на меѓународна сцена. Унгарија имаше одлични изданија во квалификациите. На шест натпревари забележа пет победи и еден пораз (од Грузија, но кога сè беше решено), а своите квалитети ги покажа против Швајцарија, противникот на Македонија на овој собир. Рецептот на младост и искуство се очекува да вроди со плод и на овој собир и Унгарија одново да биде дел од главната група, како пред две години кога беше кодомаќин.
Србија:
Се чини дека главен конкурент на Унгарија за таа втора позиција ќе биде селекцијата на Србија. „Орлите“ на шпанскиот стратег Џерона во последните години на неколку пати покажаа дека знаат да ги изненадат дури и најголемите (победи против Франција и Норвешка), но одличните игри не можат да ги задржат во континуитет. Последниот голем успех на Србите е пред 12 години, кога на домашен терен го освоија третото место. Јадрото на тимот е составено од искусни ракометари со над триесет години, а нивниот клуч за успехот може да биде голманскиот двоец Дејан Милосављев и Владимир Цупара.
Црна Гора:
Црногорците пред две сезони беа вистински хит на шампионатот во Унгарија и Словачка. Во првата фаза славеа над Македонија и Словенија, а потоа приредија големо изненадување против Хрватска, но по таа победа над „коцкестите“ како да загубија здив и беа поразени од Холандија, Франција и Исланд. Костурот на тимот речиси и да не претрпе поголеми промени од пред две години, но пристигна нов селектор – хрватската легенда Владо Шола. Црна Гора се смета за аутсајдер во оваа група, но по она што го направи на претходниот шампионат, не е спортски предвреме да се отпише.