Останати спортови оштетени

СКАНДАЛ: Спортисти масовно ги враќаат олимписките медали од Париз, итно огласување на ИОК (ФОТО)

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) вчера за АФП изјави дека „неисправните медали“ од Олимписките игри во Париз во 2024 година ќе бидат заменети со идентични модели.

СКАНДАЛ: Спортисти масовно ги враќаат олимписките медали од Париз, итно огласување на ИОК (ФОТО)

Олимписките игри во Париз 2024 година завршија летово, но деновиве продолжува олимписката приказна со вистински скандал.

Имено, како што пишуваат медиумите се покажало дека олимписките медали во Париз биле лажни.

Спортистите масовно ги враќаат медалите назад, бидејќи биле лажни. На социјалните мрежи објавуваат фотографии од оштетувањето на медалите, шест месеци по завршувањето на Игрите. Неофицијално, најмалку 100 медали се оштетени.

Во париската ковачница, каде е произведено ова „чудо“, критиките предизвикаа загриженост: институцијата отпушти тројца директори за производство и квалитет.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) вчера за АФП изјави дека „неисправните медали“ од Олимписките игри во Париз во 2024 година ќе бидат заменети со идентични модели.

-Организацискиот комитет на Олимписките игри во Париз 2024 година тесно соработува со Monnaie de Paris (француската државна ковачница), институцијата одговорна за производство и контрола на квалитетот на медалите, за да ги процени сите поплаки за медалите и да ги разбере околностите и причините за каква било штета, соопшти ИОК.

Традиционално, земјите не се рангираат според вкупниот број на освоени медали, туку прво според тоа кој има најмногу златни медали, потоа, ако е нерешено, кој има најмногу сребрени медали и на крајот, доколку е потребно, кој има најмногу бронзени медали.

To top