Останати спортови

Швајцарска скијачка за првата победа во спуст во СК

Швајцарска скијачка за првата победа во спуст во СК

Швајцарката Јасмин Флери победи на денешниот спуст од Светски куп за жени во францускиот скијачки центар, Вал д’Изер, за што како награда од организаторот доби – крава.

Таа беше најбрза со време 1:43,47 минути, второто место го зазеде нејзината сонародничка Јоана Хелен со 22 стотинки послабо време, додека трета беше Австријката Корнелија Хутер со 24 стотинки полош резултат од победничката.

Флери во февруари во Мерибел ја освои титулата светска шампионка во спуст, но ова е нејзина прва победа во оваа дисциплина во Светскиот куп.

Теми на денот

To top