Останати спортови

Русија останува суспендирана од Меѓународниот олимписки комитет

Русија останува суспендирана од Меѓународниот олимписки комитет

Судот за спортска арбитража во Лозана денеска ја отфрли жалбата на Русија против суспензијата од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), пренесува „Ројтерс“.

Како што е наведено, ИОК ја суспендираше Русија во октомври минатата година, откако Рускиот олимписки комитет ги додаде во своето членство Олимписките совети на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

Во образложението на ИОК следуваше суспензијата бидејќи претставува кршење на Олимписката повелба и повреда на територијалниот интегритет на Украинскиот национален олимписки комитет.

To top