Останати спортови формула 1

Ралф Шумахер за својот брат: Медицината многу ни помогна, но ништо не е како претходно

Во петок се навршуваат 10 години од несреќата која му се случи на светскиот формула 1 ас, Михаел Шумахер. Германецот доживеа пад на скијање на француските Алпи, и претрпе тешки повреди на мозокот. Седмократниот Ф1 шампион удри со главата во камен и ја скрши кацигата.

Денови, месеци и години траеше рехабилитацијата, а за неговата состојба малку се знае. Неговото семејство не открива многу детали. Информациите кои излегуваат во јавноста се многу ретки. Неговиот брат Ралф за „Билд“ зборува што сега Михаел доживува.

„Ми недостасува Михаел од тоа време. Живот понекогаш не е чесен. Михаел често во животот имаше среќа, а потоа дојде таа трагична несреќа“, рече Ралф.

„Фала му на Бога, благодарение на медицината успеавме да сториме многу, но ништо не е како што беше. Можам да кажам дека неговата несреќа имаше големо влијание на мене“, заклучи Ралф Шумахер.

To top