Останати спортови му беа потребни еден час и 15 минути

Прва победа во кариерата за Алкараз на АТП завршниот турнир

За триумфот над Рубљов на вториот светски тенисер му беа потребни еден час и 15 минути.

Прва победа во кариерата за Алкараз на АТП завршниот турнир

Со убедлив триумф попладнево над Русинот Андреј Рубљов од 7-5, 6-2, Шпанецот Карлос Алкараз остана во игра за пласман во полуфиналето на завршниот тениски турнир на сезоната во Торино.

За триумфот над Рубљов на вториот светски тенисер му беа потребни еден час и 15 минути.

За 20-годишниот Алкараз ова е прва победа во кариерата на завршните турнири, откако минатата година како светски рекет број 1 мораше да го откаже настапот поради повреда.

За пласман во полуфиналето на Алкараз ќе му биде неопходна победа в петок над Русинот Данил Медведев.

To top