Останати спортови

Пол-позиција за Макс Верстапен за ГН на Јапонија

Пол-позиција за Макс Верстапен за ГН на Јапонија

Макс Ферстапен ја продолжи доминацијата во квалификациите, па утре ќе стартува од пол-позицијата на четвртата трка по ред сезонава во Формула 1 шампионатот.

Ред Бул оствари еден-два победа во утринските квалификации за утрешната трка за Големата награда на Јапонија. На легендарната патека „Сузука“, Ферстапен имаше најдобар круг со време од 1:28,197 минути. Неговиот тимски колега Серхио Перез ќе му прави друштво во првиот стартен ред.

Ландо Норис од Мекларен имаше трето време, а Карлос Сајнц од Ферари ќе стартува како четврти. Потоа следуваат Фернандо Алонсо, Оскар Пијастри, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Џорџ Расел и најдобрите десетмина ги комплетираше миленикот на домашната публика Јуки Цунода.

Трката за Големата награда на Јапонија утре стартува со почеток во 7 часот наутро по средноевропско време.

To top