Останати спортови формула 1

Верстапен најбрз на кинеското Гран при

За Верстапен ова е 58 победа во кариерата.

Верстапен најбрз на кинеското Гран при

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на Големата награда на Кина. На трката одржана претпладнево на патеката во Шангај, Холанѓанецот без поголеми проблеми стигна до првото место оставајќи ги своите конкуренти зад себе за повеќе од 13 секунди.

Возачот на Мекларен, Ландо Норис го освои второто место, додека трет беше Серхио Перез од Ред Бул.

За Верстапен ова е 58 победа во кариерата.

Вчера Верстапен победи и на спринтот за Големата награда на Кина.

По пет трки сезонава во Формула 1 шампионатот, Верстапен е убедлив лидер во поредокот со 110 бодови, пред Перез кој има 85. Следуваат пилотите на Ферари, Шарл Леклер со 76 и Карлос Сајнц со 69 бодови.

Следната етапа во Ф1 ќе се одржи од 3-5 мај во Мајами, САД.

To top