Останати спортови пред пресметката со Алкараз

Ѓоковиќ: Нашата ера завршува

Ѓоковиќ: Нашата ера завршува

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас одиграа четири возбудливи пресметки во натпреварувачката сезона која заврши, но 2023-та година ќе ја завршат со меѓусебен егизбициски дуел во Ријад.

Двајцата најдобри светски тенисери во овој момент ќе ги одмерат силите утре во Саудиска Арабија, а пред новата пресметка, со интересна изјава се јави светскиот рекет број еден.По спектакуларните ривалства кои ги имаше со Рафаел Надал и Рожер Федерер, Србинот доживува уште едно ривалство со младиот шпански тенисер, за кого вели дека тој ќе доминира во наредните 15 години.

– Убеден сум дека Карлос ќе биде преводник на тенисот во наредните 10 или 15 години. Сигурен сум дека многупати ќе го гледаме како освојува важни работи и турнири.Многу е добро што имаме ново ривалство во тенисот. Алкарас е најмлад број 1 во историјата на тенисот. Има само 20 години, но веќе има неколку грен слем титули и големи турнири зад своето име. Надал не играше во 2023-та година, Федерер се пензионираше минатата година, нашата ера полека завршува, но Алкарас излезе на површина. Тоа е генијално за тенисот, среќен сум што повторно ќе играм со него, – изјави Ѓоковиќ.

To top