Свет Помош

Ал Сиси: Египет се стреми да обезбеди прекин на огнот во Газа

Претставниците на хуманитарните служби, од своја страна, предупредија на претстојниот глад во крајбрежната енклава.

Ал Сиси: Египет се стреми да обезбеди прекин на огнот во Газа

Египет се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа, да го зголеми протокот на помош и да им дозволи на раселените луѓе во јужниот дел на енклавата да се движат кон север, изјави претседателот на земјата Абдел Фатах ал Сиси.

Тој, исто така, предупреди на опасноста од израелски навлегување во градот Рафах, каде околу 1,5 милиони луѓе побараа засолниште во близина на границата на Газа со Египет.

Претставниците на хуманитарните служби, од своја страна, предупредија на претстојниот глад во крајбрежната енклава.

„Зборуваме за постигнување прекин на огнот во Газа, што значи примирје, обезбедување на најголема можна количина на помош. Ова би вклучувало ограничување на влијанието на гладта ​​врз луѓето и, исто така, дозволување на луѓето во централниот дел и југот да се движат на север, со многу силно предупредување против (можно) навлегување во Рафах. Предупредивме за она што се случува, дека невлегувањето на помош ќе доведе до глад“, рече Ал Сиси за време на посетата на воената академија. (МИА)

To top