Кошарка Во регионалното натпреварување

Пораз на Пелистер од Цедевита Јуниор

Пораз на Пелистер од Цедевита Јуниор

Maкедонскиот ошаркарски вицешампион Пелистер го доживеа и третиот пораз во низа во АБА-2 лигата.

Избраниците на Дарко Радуловиќ беа поразени од директниот конкурентен Цедевита Јуниор со 78:74. Почетокот на натпреварот донесе изедначена игра, се до средината на втората четвртина кога хрватскиот тим започна да создава посериозна разлика.

На паузата битолскиот состав имаше негатива од 10 поени разлика (46:36). Од тој момент Пелистер констатно бркаше негатива и ниту еднаш не го презема водството.

Најблиску кошаркарите на македонскиот претставник се доближија до четири поени (71:67), но повеќе не можеа.

Планиниќ дојде до двоен ефект откако реализираше 20 поени и 10 скока. Двоцифрени бројки кај поените – 11, и во категоријата асистенции – 10, имаше и Бернард (вклучително и пет скока), а блиску до дабл-дабл скор беше и Маслинко, кој уфрли 12.поени, дополнети со осум скока.

За Пелистер ова беше последен натпревар во АБА-2 лигата и следниот натпревар ги очекува во 2024 година во новиот балон против Шибенка.

To top