Кошарка Натпреварот ќе се игра на 10 април од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“

Бесплатен влез за четвртфиналето во АБА 2 меѓу МЗТ и Широки

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром в среда ќе го игра првиот дуел од четвртфиналната пресметка со Широки во регионалната АБА 2 лига. Раководството на тимот од Аеродром одлучи на овој натпревар влезот да биде слободен.

Бесплатен влез за четвртфиналето во АБА 2 меѓу МЗТ и Широки

„Сино-белите“ ги повикуваат своите навивачи и воопшто љубителите на кошарката во што поголем број да дојдат на средбата и да дадат поддршка во обидот да с епобеди со што поголема разлика.

– Исклучително е важно да бидеме најдобри што можеме и да го победиме незгодниот противник со што е можно поголема разлика. Атмосферата во тимот на одлична, мотивацијата е до небо, а освен повредениот Бојан Крстевски сите останати се подготвени да го остават максимумот и да покажат дека заслужено го носат светиот плаво-бел дрес. Ниту еден наш успех не бил можен без ВАШАТА помош од трибините. Вашето навивање, аплаузите и скандирањата кај нашите момци делуваат како десетина енергетски пијалоци испиени одеднаш. Заедно секогаш сме посилни и само заедно можеме да дојдеме до посакуваната цел. Затоа, Ве покануваме задутре во што поголем број да дојдете во „Јане Сандански“, трибините да бидат исполнети до крај со нашите навивачи, симпатизери, но и сите останати спортски вљубеници. МЗТ Скопје игра за Аеродром, ама и за Македонија и заслужува поддршка од сите, стои во апелот на МЗТ Скопје.

Натпреварот ќе се игра на 10 април од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“.

To top