Кошарка пропуштена можност

МЗТ Скопје прокоцка победа на дуелот со Хелиос во АБА2

МЗТ Скопје прокоцка победа на дуелот со Хелиос во АБА2

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје долго го контролираа натпреварот против Хелиос, имаа и двоцифрена предност, но на крајот мораа да се соочат со пораз (83:87) на првиот настап на вториот турнир од АБА2 лигата.

МЗТ го доби првиот период со 22:15, до крајот на полувремето обезбеди плус осум, а на почетокот на третиот период имаше и плус петнаесет (50:35).

Сепак и тоа не беше доволно, бидејќи словенечкиот ривал најпрвин ја намали негативата до крајот на третата делница на минус пет, за на 3:32 минути до крајот да биде најавен пресвртот. Кошаркарите на Хелиос направија серија која најпрвин донесе израмнување 75:75, а подоцна и прво водство и сериозна предност, која противникот на МЗТ не ја испушти до крајот.

Војдан Стојановски со 19 и Танасковиќ со 18 поени беа најефикасни кај нашиот претставник, додека Махковиќ со 25 поени беше најдобар реализатор кај Хелиос.

МЗТ сега има два пораза и една победа во АБА2, а следниот дуел го игра по два дена против Сутјеска.

Foto ABA League/ Dragana Stjepanovic

Теми на денот

To top