Кошарка

Дваесетина кошаркари затруени со храна на турнирот во АБА2 лигата

Дваесетина кошаркари затруени со храна на турнирот во АБА2 лигата

Хаотична ситуација има на последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА2, кој неделава се одржува во Широки Брег (БиХ), откако засега има дваесетина кошаркари од два тима затруени со храна, поради што веќе не е одигран еден натпревар.

Прв беше покосен составот на Борац Бања Лука, чија речиси комплетна екипа заврши на инфузија што беше причина за службен пораз во денешната пресметка против Хелиос.

Со речиси идентична ситуација се соочува и Војводина, која утре треба да му излезе на мегдан на нашиот ТФТ (21 часот).

Поединечни случаеви на затруеност има и меѓу останатите тимови од АБА2, но засега нема ниту еден кошаркар со проблеми од македонските претставници – МЗТ Скопје, Пелистер и ТФТ.

Теми на денот

To top