Кошарка

Филаделфија и ЛА Лејкерс се засилија со нови кошаркари

Филаделфија и ЛА Лејкерс се засилија со нови кошаркари

Нов член на Лејкерс е Спенсер Динвиди кој конечно ќе игра во градот во кој е роден. Тој во актуелнава кампања беше дел од Бруклин Нетс, меѓутоа беше испратен во Торонто Рептерс како дел од трејд, ама стана јасно дека нема да остане во таборот на „рептилите“ и откако ја заврши приказната за нив им се приклучи на Леброн, Дејвис, Расел и компанија.

Досега тој има играно уште за Детроит, Вашингтон и Далас.Кога е во прашање Филаделфија, Кајл Лаури е играчот кој во иднина ќе го носи нивниот дрес.

Ветеранот во изминатиов период беше испратен од Мајами Хит во Шарлот, меѓутоа беше кристално јасно дека нема иднина во Хорнетс и откако ги расчисти сметките со нив тој се договори со клубот од Истокот за кого ќе настапува до крајот на натпреварувачката 2023/2024 и ќе заработи 2,8 милиони долари.

To top