Кошарка

Евролига: Црвена Звезда не е оштетена против Жалгирис

Евролига: Црвена Звезда не е оштетена против Жалгирис

Спорниот момент од мечот во кошаркарската Евролига помеѓу Ц.Звезда и Жалгирис доби образложение од страна на челниците на Евролигата, во кое е наведено дека нема доказ за газење на линијата од страна на Еванс.

„На 21,2 секунди до крајот, Кинан Еванс прими топка и му додаде на Димшј, кој беше фаулиран. Судиите утврдија дека Еванс не го мина центарот за време на својот посед, па не е досудено кршење на ова правило. Оделението за судење на Евролигата од повеќе камери и агли ја прегледа ситуацијата и не пронајде јасни и конечни визуелни докази дека Еванс ја згазна линијата, па утврдија дека судиите постапија коректно“, стои во образложението.

To top