Кошарка

Џоел Ембид се враќа на кошаркарските терени

Џоел Ембид се враќа на кошаркарските терени

Актуелниот МВП на НБА, Џоел Ембиид ќе се врати на терените оваа недела, објавија американските медиуми.

Голема е веројатноста центарот на Филаделфија 76ерс да биде во тимот против Оклахома Сити Тандер во вторник.

Според „Атлетик“, 30-годишниот кошаркар имал успешни тренинзи пет на пет во последните денови и добил дозвола да учествува во натпревари.

Ембиид последен пат играше на 30 јануари, кога го скина менискусот на левото колено против Голден Стејт Вориорс. Пред повредата, кошаркарот роден во Камерун ја преводеше цела лига во постигнување поени со просечни 35,3 по натпревар.

Со седум натпревари до крајот на сезоната, Филаделфија продолжува да се бори со Индијана Пејсерс и Мајами Хит за шестото место во Источната конференција.

Теми на денот

To top