Кошарка

Џоел Ембид ќе мора да оди на оперативен зафат

Џоел Ембид ќе мора да оди на оперативен зафат

Џоел Ембид во разговор со медицинскиот персонал ќе одлучи дали е најдобро само да се одмори или да оди на операција, до која е поблиску во овој момент, иако нема официјална потврда од челниците на Филаделфија.

Ембид се повреди на дуелот против Голден Стејт, кога Џонатан Куминга падна врз неговото лево колено во последната четвртина.

Како резултат на тоа, актуелниот МВП на НБА не играше против Јута. Тоа беше неговиот 13-ти натпревар оваа сезона го пропушти. Со новото правило во кое за да се биде во МВП трката мора де се одиграат најмалку 65 од 82 натпревари, тешко е да се замисли дека Ембид може да го одбрани трофејот.

Тоа би значело дека до крајот на регуларниот дел може да пропушти само уште четири натпревари, а со операција на повидок тоа ќе биде невозможна мисија.

To top