Кошарка

Џејмс Харден влезе во ТОП 20 стрелци во историјата на НБА лигата

Џејмс Харден влезе во ТОП 20 стрелци во историјата на НБА лигата

Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Џејмс Харден се искачи на 20. место на листата на стрелци во историјата на НБА.

Харден ноќеска потигна девет поени на натпреварот од регуларниот дел од сезоната против Атланта (93:110). Триесет и четиригодишниот Американец сега има 25.729 поени во кариерата, оставајќи го Винс Картер зад себе со 25.728 поени.

Рекордот за најмногу постигнати поени во историјата на НБА му припаѓа на напаѓачот на актуелниот играч на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс со 40.154 поени.

Пред да дојде во Лос Анџелес клиперс, Харден настапуваше за Филаделфија 76-ерс, Бруклин нетс, Хјустон рокетс и Оклахома Сити тандер.

To top