Кошарка на полувремето тфт имаше предност

ТФТ поразен од Хелиос во АБА 2 лигата

Кошаркарите на скопски ТФТ Моцарт го претрпеа четвртиот пораз во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва загубија во рамки на 5. коло од словенечкиот противник Хелиос Домжале со 73-60 (33-40).

ТФТ поразен од Хелиос во АБА 2 лигата

Македонскиот тим на полувремето имаше седум поени предност, која противникот ја анулираше во третата четвртина.

ТФТ во неколку наврати ја врати предноста во последниот период, но кошаркарите на Хелиос беа поконцентрирани во завршницата и на крајот му го нанесоа четвртиот пораз во петтиот натпревар на македонскиот претставник.

Најефикасен во редовите на ТФТ беше Џелани Симонс со 21 поени.

Битолски Пелистер вечерва за противник го има домаќинот на турнирот Златибор, додека МЗТ Скопје Аеродром во рамки на 5. коло вчера беше поуспешен од бањалучки Борац со 67-61.

To top