Кошарка стана татко

Дончиќ играше со патики посветени на ќерката Габриела (ВИДЕО)

Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас откако го пропушти петочниот дуел поради раѓањето на ќерката Габриела, но се врати против Оклахома и тоа на блескав начин. Впечатливо беше тоа што на неговите патики го имаше името на новородената ќерка и срце.

Словенецот забележа трипл-дабл, 36 поени,15 скокови и 18 асистенци, но Далас беше поразен.

Бадијала одличната, фантастична игра на Никола Јокиќ. Бадијала новиот трипл-дабл на Србинот, се гледа дека без Џамал Мареј шампионот едноставно не може, посебно во периодот кога Јокиќ ќе зема малку одмор на клупата. Никола Јокиќ постигна 36 поени, 14 асистенци и 13 скокови, но Денвер беше поразен од Сакраменто со 117:123. Инаку Јокиќ урна рекорд стар 40 години, во два последователни меча тој имаше трипл-дабл со повеќе од 30 постигнати поени и без загубена топка.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

ЛА Клиперс – Голден Стејт 113:112

Шарлот – Минесота 117:123

Бруклин – Орландо 129:101

Детроит – Кливленд 101:110

Чикаго – Њу Орлеанс 124:118

Мајами – Индијана 129:144

Милвоки – Аталанта 132:121

Далас – Оклахома 120:126

Феникс – Мемфис 116:109

ЛА Лејкерс – Хјустон 107:97

Теми на денот

To top