Кошарка

Бостон подобар од Њујорк

Бостон подобар од Њујорк

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа само три натпревари. Во дербито на вечерта екипата на Бостон селтикс славеше полесно од очекуванот на гостувањето во „Медисон сквер гарден“ против Њујорк никс со 102-116.

Џејлен Браун со 30 поени беше прво име во таборот на победникот, додека Кристапс Порзингис заврши со 22 поени.

Кај поразените недоволна беше одличната партија на Џејлен Брансон кој мечот го заврши со 34 поени.

Во останатите два меча од синоќешната понуда Детроит  загуби од Орландо 109-112 додека Минесота бепе подобра од Бруклин со 101-86.

.

To top