Франција забележаа две победи во претходните три дена, но потклекнаа пред Израел со 82-69.
Најефикасни во израелскиот табор беа Авдија со 23 и Мадар со 17 поени, а кај Франција најмногу поени постигнаа Ризаше со 14, Окобо со 13 и Хоард со 12 поени.
Бранителот на титулата Шпанија полека фаќа ритам по почениот пораз од Грузија.
Момците на Серџо Скариоло ја впишаа втората победа во серија, откако лесно го надиграа домаќинот Кипар во Лимасол со 91-47.
Вили Хернангомез со 19 поени беше најефикасен во таборот на „фуријата“, а сите шпански кошаркари кои добија шанса се запишаа меѓу стрелците.