Кошарка си најде нов клуб

Анте Жижиќ си замина од Анадолу Ефес

Анте Жижиќ си замина од Анадолу Ефес

Неочекуван трансфер се случи во последниот ден од оваа календарска година, откако Анадолу Ефес објави дека ја прекинува соработката со Анте Жижиќ.

Десетина минута по соопштението на Ефес, италијанскиот тим Виртус Болоња објави дека потпишал договор со Хрватот.

Италијанскиот тим пред неколку дена објави дека незгодна повреда заработил резервниот центар Дакук, а ангажманот на Жижиќ јасно става до знаење дека Виртус планира да продолжи со добри игри во Евролигата и да атакува на место на фајналфор турнирот од елитното европско натпреварување.

To top