Фудбал србинот задоволен

Влаховиќ: Ние сме екипа за големи работи

Влаховиќ: Ние сме екипа за големи работи

Јувентус успеа да ја совлада Салернитана и тоа со пресврт во второто полувреме, кам-бек кој беше комплетиран со голот на Душан Влаховиќ во 91 минута.

-Многу ми значи. Малку сум уморен да зборувам, но дадовме се од себе и мислам дека заслуживме да победиме. Честитки за Салернитана, одличен тим. Се мачеа по црвениот картон, но им посакувам многу среќа. Ние никогаш не се откажуваме. Ќе дадеме се до крај. Ќе видиме како ќе биде, но сигурно никогаш не се откажуваме. Остануваат уште 18 [19] натпревари. Сезоната е долга и како што рековме, наша цел е да се пласираме во првите четири. Потоа ќе видиме, -истакна Влаховиќ кој има дадено 7 голови на 17 средби во Серија А.
To top