Фудбал

Винисиус нема да игра против Атлетико (М)

Винисиус нема да игра против Атлетико (М)

Барањето на Реал Мадрид да се повлече жолтиот картон кој Винисиус го доби на мечот со Осасуна не е прифатено.

Ова значи дека Бразилецот ќе ја пропушти претстојната пресметка со Атлетико Мадрид по репрезентативната пауза. На гостувањето кај Осасуна пред неколку дена, судијата Мартинез Мунуера му покажа жолт картон на Винисиус поради протестирање.

Реал Мадрид тврди дека Бразилецот редовно бил подложен на напади на расистичка основа, омраза и нетрпеливост не само во Осасуна, туку и на сите фудбалски стадиони каде играат „галактикоси“. Од клубот потенцираат и дека постои „апсолутна пасивност на судискиот тим и самата федерација“ по прашањето за нападите кон Бразилецот.

To top