Фудбал луда ноќ

ВИДЕО: Јунајтед пак испушти „плус два“ во ЛШ, Зијеч е херој на Галата!

Фудбалерите на Галатасарај извлекоа големо реми против Манчестер Јунајтед (3-3), со што се најдоа во одлична позиција пред последното коло од групите во Лигата на шампионите. Пред полните трибини на „Рамс Парк“ во Истанбул, гостинот од Англија во два наврати водеше со по два гола, ама на крајот одиграа само нерешено. Човек на натпреварот беше Хаким Зијеч кој даде два гола директно од слободен удар и запиша асистенција.

Извештај од натпреварот:

„Црвените ѓаволи“ тргнаа фуриозно и ја налутија домашната публика. Резултатот го отвори Алехандро Гарначо по 11 минути игра, со погодок за 0-1. Само седум подоцна Манчестер успеа да ја удвои предноста, откако мајсторски гол даде Бруно Фернандеш. Португалецот со одличен удар со многу ефе од далечина стрела за 0-2. До полувремето надежта на Турците ја врати Хаким Зијеч. Мароканецот имаше слободен удар, шутна под живиот ѕид и намали на 1-2 во 29. минута.

Вториот дел тргна со нов гол на „ѓаволите“, овојпат преку Скот МекТоминеј. Шкотланѓанецот по проигрување од Ван Бисака стрела за 1-3 и го врати двојното водство на својот тим. Сепак, следеше опуштање на тимот воден од Ерик Тен Хаг. Одново на сцена стапи Зијеч, па од нов слободен удар биеше низ средината, топката мина преку неколку глави, а тоа го измами Андре Онана кој реагираше аматерски. Храбрата игра на Галата ја круниса со гол за реми Кевин Актуркоглу во 71. минута. Иако Јунајтед се наметна и имаше неколку солидни шанси, не успеа да слави во Истанбул.

Така во последното коло влегува со најлоши изгледи за пласман во осминафинале, бидејќи имаат еден помалку од Галатасарај, а ќе го дочекаат Баерн Минхен.

To top