Фудбал закани

ВИДЕО: Играч на Барса се заканувал од клупата: Ти се колнам дека ќе го превртам Винисиус

Винисиус Жуниор повторно имаше пикантерии со дел од играчите на Барселона и ги провоцираше со гестови за 4:1 во моментите кога настана голема мешаница крај аут линијата, но пред да дојде до оваа тензија, фудбалерите кои беа на клупата веќе беа разбеснети од однесувањето на Бразилецот.

Самиот Вини по победата порача дека понекогаш претераува со зборувањето и со дискусиите кои ги води со ривалите, но неговите стандардни провокации го доведоа до лудило Феран Торес.

Напаѓачот кој е роден во Валенсија беше заменет од Чави во вториот дел, а непосредно откако седнал на клупата, уловен е како ги испорачува следните зборови за Винисиус.

– Ти се колнам дека ќе му ја удрам една ако дојде да ми каже нешто… Ако овој глупак дојде да ми каже нешто, ќе го удрам толку силно што ќе го превртам, – вели Торес.

Оваа снимка ја објави познатата телевизија „Мовистар“, која најави дека ќе сподели уште неколку интересни моменти од „Ел Класико“ финалето кое се одигра во Ријад.

Теми на денот

To top