Фудбал

Ван де Бек продолжува во Германија

Ван де Бек продолжува во Германија

Дони Ван де Бек е на излезните врати на Манчестер Јунајтед. Холандскиот играч за врска воопшто не е во плановите на Ерик Тен Хаг и одигра само две минути сезонава во Премиер лигата.

„Ѓаволите“ бараа солуција за неговата кариера, а истата доаѓа од Германија. Ван де Бек се сели во Ајнтрахт Франкфурт, каде што ќе игра како позајмен до крајот на сезоната.

Германците се договорија со Јунајтед, платена позајмица и право на откуп за сума од 15 милиони евра, а тоа го потврди Фабрицио Романо.

To top