Фудбал

Скандал на Роналдо: Удри со лакт противнички играч, па сакаше да му удри бокс на судијата (ВИДЕО)

Скандал на Роналдо: Удри со лакт противнички играч, па сакаше да му удри бокс на судијата (ВИДЕО)

Ал Наср загуби од Ал Хилал со 1-2 во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија, а мечот го одбележа црвениот картон што го доби Кристијано Роналдо.

Португалецот го напушти теренот во 86. минута откако предизвика уште еден во низата скандали откако игра во Саудиска Арабија.

Очигледно незадоволен од резултатот и фактот што му бега уште еден трофеј, Роналдо во обид да дојде до една топка влезе во физички дуел со противнички фудбалер.

Два пати го удри со лакт во градите поради што играчот на Ал Хилал заврши на земја, а судијата оправдано му покажа црвен картон. И тоа не беше се, Роналдо тотално збесна и малку недостасуваше да дојде до тотален хаос бидејќи ја крена раката со тупаница кон главниот арбитар и во последен момент се повлече да не направи невидена глупост.

To top