Фудбал

Саутгејт: Македонија ќе сака да си ја врати гордоста која ја загуби во Манчестер

Саутгејт: Македонија ќе сака да си ја врати гордоста која ја загуби во Манчестер

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт одржа прес-конференција на која ги искажа своите очекувања пред натпревар против Македонија.

Саутгејт кажа дека неговта репрезентација има решенија за отсуството на Трипие, кој во последен миг го откажа патувањето во Скопје.

Според Саутгејт мечот за Македонија ќе биде обид за да си ја врати гордоста која ѝ беше повредена по оние 7:0 на „Олд Трафорд“. Овој пораз беше највисок во историјата на мак-репрезентацијата.

-Ние сакаме овој натпревар да го искористиме за да го склопиме тимот кој ќе игра на Европското првенство. Сите играчи мора да се свени дека конкуренцијата е голема. Не бевме на потребното ниво со Малта, утре сакаме да го промениме тоа и да ја вратиме нашата игра. Очекувам добар натпревар, полн стадион и одлична атмосфера, порача Саутгејт.

Теми на денот

To top