Фудбал

Салах се повреди против Гана, Клоп во шок

Салах се повреди против Гана, Клоп во шок

Најдобриот фудбалер на египетската репрезентација Мохамед Салах се здоби со незгодна повреди во финишот на првото полувреме од натпреварот против Гана на Африканскиот Kуп на нации.

Еден од најдобрите офанзивци во модерниот фудбал, само седна на тревникот, стегајќи го задниот дел од левата нога. Судејќи по изгледот на неговото лице додека ја напушташе средбата, тој би можел да биде надвор од терените подолго време, што во никој случај не е добра вест за неговите соиграчи, но и за неговиот клуб Ливерпул, кој едвај чека да се врати.

 

To top