Фудбал против фарски острови, ерменија и Летонија

РАСПОРЕД: Еве кога Македонија ќе ги игра натпреварите од Лигата на нации

Македонија е во група Ц со Ерменија, Фарски Острови и Летонија во Лига на Нации.

РАСПОРЕД: Еве кога Македонија ќе ги игра натпреварите од Лигата на нации

Македонија е во група Ц со Ерменија, Фарски Острови и Летонија во Лига на Нации.

Македонската А репрезентација новото издание на Лига на Нации го започнува на 7. септември со гостување на Фарски Острови.

Три дена подоцна е нашиот прв домашен натпревар против Ерменија.

Ова е распоред на натпревари на македонската А репрезентација:

07.09.2024 | 15:00 Фарски Острови – Македонија
10.09.2024 | 20:45 Македонија – Ерменија
10.102024 | 20:45 Летонија – Македонија
13.10.2024 |18:00 Ерменија – Македонија
14.11. 2024 | 20:45 Македонија – Летонија
17.11.2024 | 15:00 Македонија – Фарски Острови

Селекторот Благоја Милевски по ждрепката истакна дека во денешниот фудбал нема фаворити.

-Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај.Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања. Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата, рече селекторот.

Теми на денот

To top