Фудбал холандски репрезентативец

ПСЖ сè уште заинтересиран за Френки де Јонг

Фудбалерот останува цврст во намерата да остане во Барселона.

ПСЖ сè уште заинтересиран за Френки де Јонг

Француски Пари Сен Жермен продолжува да покажува интерес за холандскиот репрезентативец и член на Барселона, Френки де Јонг, објави синоќа шпанскиот весник „Спорт“.

Дваесетишестгодишниот холандски играч од средниот ред, заедно со уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо, е меѓу играчите наведени за потенцијална продажба.

Ова не е прв пат Де Јонг да се поврзува со трансфер во Пари Сен Жермен, па дури се споменува цифрата од 60 милиони евра што клубот е подготвен да ја потроши за потписот на Холанѓанецот.

Сепак, самиот фудбалер останува цврст во намерата да остане во Барселона.

To top