Фудбал местел натпревари

Поранешен премиерлигаш и тренер осуден на доживотен затвор

Во Англија играше за Евертон и Шефилд Јунајтед.

Поранешен премиерлигаш и тренер осуден на доживотен затвор

Поранешниот премиерлигаш и селектор на Кина, Ли Таи е осуден на доживотен затвор.

Таи призна дека примал и давал мито и учествувал во местење натпревари.

Местел натпревари додека бил тренер на Хебеи и Вухан, а платил и повеќе од 350.000 евра за да стане селектор на Кина.

-Многу ми е жал. Требаше да ја спуштам главата и да тргнам по вистинскиот пат. Имаше одредени работи кои беа вообичаена практика во фудбалот во тоа време. Добивањето „успех“ на такви несоодветни начини всушност ме правеше сè понетрпелив и жеден за брзи резултати. За да постигнам добар настап, посегнав кон влијание врз судиите, поткупувајќи противнички играчи и тренери, понекогаш преку клубови кои се занимаваат со други клубови. Ова однесување станува навика и на крајот има дури и мала зависност од овие практики, рече Таи.

Во Англија играше за Евертон и Шефилд Јунајтед.

To top