Фудбал

Миовски: Убаво е чувството кога одново сме заедно

Миовски: Убаво е чувството кога одново сме заедно

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски е задоволен од атмосферата во националниот тим. Тој очекува добри игри и позитивни резултати на двата претстојни контролни натпревара со Молдавија и со Црна Гора.

– Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат. Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус. Јас секогаш давам 200 % за клубот и репрезентацијата, секако ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес, различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже.

Селекторот Боби Милевски од денес на располагање ќе го има комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.

Теми на денот

To top