Фудбал

Милевски: Секоја чест за момците

Милевски: Секоја чест за момците

Момците на Благоја Милевски на новиот тревник на „Тодор Проески“ одиграа 1-1 против најскапата светска селекција, што е забележителен крај на овие квалификации.

На прес-конференцијата по натпреварот со „Гордиот Албоон“ селекторот Благоја Милевски рече:

„Не би ги коментирал спорните моменти, тука се судиите и ние треба да ги прифатиме нивните одлуки.

Имаме план и имаме цел. Не можеме да не сметаме на овие млади фудбалери кои гледаме дека покажуваат квалитет и карактер. Ни недостигаат уште 2-3 поискусни фудбалери кои ќе го комплетираат ростерот за во иднина. Не би се откажувал од било кој играч и овие момци кои ги имаме, 60-70% од нив, не играат во своите клубови, но се ставаат во интерес на националниот тим. А кога не си во натпреварувачка форма не е лесно да се игра против овие гиганти. Овој податок првпат го кажувам, но мене ми е најбитно кога ќе дојдат тука – да бидат вака добри. Можеби јас премногу ги фалам, но Елмас, Барди или Алиоски не играат многу во клубовите, а даваат 300% за Македонија. И кога не се на нивото, овие момци не треба да се критикуваат. Не можеш ментално да сте на ниво кога не играте во континуитет“.

Следниот официјален ФИФА-прозорец е во март 2024 година, кога Македонија ќе игра пријателски натпревар, а почетокот на Лигата на нации е во септември следната година.

To top