Фудбал

Милевски: Играме против една од трите најсилни светски селекции

Милевски: Играме против една од трите најсилни светски селекции

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на прес-конференцијата во Рим рече:

„Кога работиш како спортски работник, нормално е секогаш да очекуваш позитивен резултат. Не сме во Рим како туристи и верувам дека можеме да оствариме добар резултат. Секој натпревар е посебна приказна и ниту еден натпревар не наликува на претходниот. Утрешниот дуел со Италија е посебен. Сам по себе носи убавина и тежина, но во Рим сме да го продолжиме она што го остваривме во септември и октомври. Создаваме нова, млада репрезентација, имаме своја цел и не дојдовме во Рим туку-така. Немаме резултатски императив, но секогаш се стремиме да го извлечеме најдоброто од себе. Играме против една од трите најдобри светски репрезентации и максимално ги респектираме.

Италијанците имаат измени во составот, но мојот колега Спалети има голем ростер на квалитетни играчи во сите линии. Од таа страна не би требало многу работи да се променат. Италија има свој план, имаме и ние и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот. Не обрнувам внимание на написите за одмазда на противникот, ние гледаме во нашиот дом. Ние треба да се погрижиме да бидеме што подобри“.

foto:ffm.mk

To top