Фудбал фудбалерот е проценет на 20 милиони фунти

Мегваер летна трансфер цел на Вест Хем

Премиерлигашот Вест Хем планира да ги засили своите редови за следната сезона со англискиот репрезентативец од Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, пренесуваат англиските медиуми.

Мегваер летна трансфер цел на Вест Хем

Мегваер (31) од 2019 година го носи дресот на Манчестер јунајтед, а сезонава досега постигна два гола и додаде две асистенции на 24 натпревари во сите конкуренции.

Англискиот дефанзивец е проценет на 20 милиони фунти.

Во кариерата претходно настапуваше за Лестер, Хал, Шефилд јунајтед и Виган.

To top