Фудбал

Маркус Рашфорд од Манчестер се сели во Лондон?

Маркус Рашфорд од Манчестер се сели во Лондон?

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд не игра на потребното ниво оваа сезона, а притоа направи и скандал откако пред неколку дена не се појави на тренинг затоа што бил на забава.

Манчестер јунајтед го казни фудбалерот, но тој доби и жестоки критики од навивачите кои не сакаат повеќе да го гледаат во црвениот дрес.

Медиумите од Островот во меѓувреме објавија дека Рашфорд подготвува предавство идното лето, откако интерес за неговиот потпис покажал Арсенал.

Рашфорд има договор со „ѓаволите“ до 2028 година, но многу лесно би можел следното лето да се пресели во друг тим.

Теми на денот

To top