Фудбал

Клубот на Роналдо добива повик во ЛШ!

Клубот на Роналдо добива повик во ЛШ!

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја промени Лигата на шампионите и од следната сезона натпреварувањето нема да е исто, а се најавува уште една бомба, тоа е дека европската централа на фудбалот размислува да дели „вајлд-карти“.

Се работи за Ал-Наср од Саудиска Арабија. Тимот во чии редови настапува Кристијано Роналдо може да добие повик да игра во елитата на УЕФА во сезоната 2024/25. Извори од Ријад велат дека постои сериозен интерес за овој потег.

Саудискиот клуб состави вистински дрим-тим на чело со Роналдо и затоа е примамлив за публиката. Финансиите исто ќе се пресудни затоа што Ал-Наср може да биде уште посилен, секако, ако влезе во Лигата на шампионите.

foto: instagram/AlNasr

To top