Фудбал

Игор Тудор официјално нов тренер на Лацио

Игор Тудор официјално нов тренер на Лацио

Лацио официјално за нов тренер го назначи 45-годишниот хрватски стратег Иван Тудор.

Римскиот клуб соопшти дека со Тудор договорил 18-месечна соработка.Хрватскиот тренер доаѓа во Лацио на местото на Маурицио Сари, кому римскиот клуб му врачи отказ поради слаби резултати.

Тудор најголем дел од својата кариера како фудбалер ја мина во Јувентус, а како тренер досега ги предводеше Удинезе, Верона, ПАОК, Хајдук, Карабукспор, Галатасарај и Марсеј.

To top