Фудбал фудбал

Официјално: Лацио го избра наследникот на Сари

Италијанскиот стратег Маурицио Сари поднесе оставка од тренерската функција во Лацио, а на негово место доаѓа Џовани Мартушијело.

Официјално: Лацио го избра наследникот на Сари

Италијанскиот стратег Маурицио Сари поднесе оставка од тренерската функција во Лацио, а на негово место доаѓа Џовани Мартушијело.

Се шпекулираше со повеќе имиња откако стана јасно дека Сари заминува, а клубот се одлучи да му ја даде довербата на Мартушијело кој беше помошник на Сари.

Договорот кој го потпиша е со важност до крајот на сезоната и во зависност од резултатите може да биде продолжен.

Мартушијело има 52 години и како прв тренер претходно работеше само една сезона и тоа во Емполи во сезоната 2016/2017. Како помошник беше дел и во Интер и Јувентус.

To top